Спорт

Вознијацки избори финале во Чарлстон

Данската тенисерка Каролина Вознијацки ќе игра во финалето на ВТА турнирот во Чарлстон, САД. Таа вечерва во првото полуфинале ја победи хрватската претставничка Петра Мартиќ со 2-0.

Во првиот сет беше 6:3, а во вторито 6:4. Мечот траеше еден час и 25 минути.

Во финалето, Вознијацки ќе се сретне со подобрата од дуелот Медисон Киз (САД) – Моника Пуиг (Порторико). Овој меч почна вечерва по средноевропско време, но е прекинат во првиот сет за Киз.

Турнирот во Чарлстон се игра з анаграден фонд од 758 илјади долари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ракометното првенство нема да се доигра

saso user

Тотенхем поразен од Вулверхемптон, Јунајтед ремизираше кај Евертон

saso user

Од срцев удар почина таткото на Емилијано Сала

saso user