Број на текстови објавени денес: 40
Досие Македонија Топ вести

ПОСВЕТЕНО НА ЛАЗАРЕСКА И НИКОЛЕСКИ: Вие сте дел од оние кој се’ снајдовте во политиката/бизнисот, а поголем дел од народот нема каде…

Дебати со квази аналитичари, едни те исти, кој се’ знаат, биле и на Марс, разни циркузијади, заминато, допрено дното! Токсикација до таа мера на народот, што дури ни ученичињата по школите главна преокупација постанаа политичарите и политичките партии, тоа се оние, кој наместо да ги туреме со политика, наместо да учат, да го живеат своето детство, системот ги направи од мали нози да се караат и тепаат, за тоа кој политичар или партија биле подобри??!! Тука е дното на системот без вредност.

Дебатите на оваа тема, секако дека се јавуваат и во други далеку поуредени друштва, него што е сега по ново северно македонското. Лицата, кој се на одговорни позиции, како што се наставници , професори, директори, наместо како одговорни лица да ја разрешат ваквата состојба по школите, дел од нив како недоветни професори, излегуваат по прес конференции и тресат зелени, како тоа училниците прокиснувале, како тоа од секаде имало промаја и други глупости?! Па каде тие наставници – професори предаваат?! Што очекуваат после ваквите нивни политички јавни прес конференции, политички говори, да се однесуваат нивните ученици? Зарем, децата ги праќаме во школа, да слушаат политички говори на ментални професори, или да истите тие забегани, полни со политички отров, ни ги учат децата за зададениот предмет, кој патем, истиот тој ментален професор е примен и платен со народни пари??!!!

Ваквиот ментален пример на однесување на еден професор/и, наведува на сосема друго релано прашање?- Дали има реакција од директорите, колегите наставници-професори во таа охридска стара гимназија?! За да осознаат професорите кој политички ликуваат да бидат видени, да држат прес конференции со дебилни содржини, треба да знаат само едно, а тоа е дека, Патриотизмот се покажува на дело, направи го тоа што го говориш, ако не можеш тоа сам да го спроведиш, конкретно дај свој допринос за тоа што се заложуваш на прес конференции, тоа да се спроведе, а не да шириш квази партиски популизам, зошто, ете власта тоа си ти, а не децата на кои им предаваш?!
Како професор/и распрашајте се, како живеаат тие ученици, какви се нивните маки, дали и како идаат на школо, да ве гледаат и слушаат Вас, како тоа наместо да се држите на вашата основна базична професија -Едукација?! Крајно професорот не предава само предмет, тој треба да има основни познавања и како Педагог и како Социолог!? Зарем толку несреќно детство сте имале полно со комплекси, па сега дојдовте, да си перете жешки глави со глупави политички говори??!!
Пораката која сакате да им ја испратите на учениците, нивните родители, со вашите говори, само допринесувате да створите одбојност на тие млади луѓе спрема Татковината, зошто, доколку го следат вашиот недоветен пример, не е ни чудо што нашата младина размислува само во еден правец, а тоа е кеко да ја здувнат од оваа „проклета авлија“, далеку на запад, каде колку толку има воспоставени вредности.

Затоа вашите говори полни со чемер и омраза, третирајќи ги учениците како „малоумници“, кој освен пцовки и пароли, друго ништо нема, правите партиски кадри кој се однесуваат насилно помеѓу себе, затоа не ги ни ценат наставниците-професорите.

Вие сте дел од оние кој се’ снајдовте во политиката/бизнисот, а поголем дел од народот нема каде…, затоа никој повеќе не ни помислува што ќе биде догодина, заминуваат од таквите како Вас.

П.С. Искрено знам кој ќе биде победник на претстојните претседателски и локални избори, логично е да знам и кој ќе биде вечниот лузер.

Сашо Денесовски -Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СДСМ: По хаосот што го остави зад себе, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува, денес се постапува по препораките на УНЕСКО

saso user

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид со честика по повод празникот Рамазан Бајрам

saso user

Константин Георгиески на терен , започнуваат ветените проекти од страна на покојниот градоначалник Стојаноски

ohrid_user