Број на текстови објавени денес: 98
Досие Македонија Топ вести

Организирана Опозиција, а дезорганизирана власт, нова реалност на политичката сцена?!

Во моментот на политичката сцена се случуваат два феномена, едниот феномен е тоа како Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоталниот распад кој го доживеа предизвикан од бомбите на СДСМ и пад од власта проследен со низа скандали и пресуди, а од другата страна, Позицијата, наречена власт е доведена во состојба на Хибернација?!

СЕЛО ГОРИ, А БАБА СЕ ЧЕШЛА, ШЕФОВИТЕ НА ИЗБОРНИ ШТАБОВИ И ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ШОПИНГ ВО БЕОГРАД И ЉУБЉАНА!

Од една страна ВМРО-ДПМНЕ кој со брзи чекори го консолидира своето членство, успева со својата модерна пиар стратегија, да ја врати довербата кај членството, но и нивниот начин на работа по системот од врата на врата, од дом на дом, од човек на човек, едноставно, културно се обидуваат и на некој начин успеваат да ја вратат, но и да ја зголемат довербата кај граѓаните. Феноменот од кој успеја да избегаат, оној – недопирливи, и да полека започнат комуникации со секого, успеваат тоа да го направат од Претседателот- самиот врв на партијата, па се до Локалните политички поставени партиски локални структури. Забележително во последните неколку месеци е тоа што бараат и остваруваат секојдневни контакти со клучните личности во медиумските фели, и ја немаат она а поранешна ароганција, туку напротив гледаат што повеќе да остварат контакти, нешто и тоа како знаат дека им е потребно за остварување на нивната цел, да имаат еден глас повеќе од СДСМ на претстојните локални парламентарни избори во првиот круг.

Од друга страна, Партијата на власт -СДСМ и нивните коалициони партнери се однесуваат, ако се вратиме историски исто како во периодот пред Парламентарните избори во 2006 година, комотни, арогантни, недопирливи за обичниот народ, а забунето уценувачки према оние кои го креираат јавното мислење. СДСМ, поточно подолните ешалони не им недостасува нивната ароганција, притоа повикувајќи се на успесите на премиерот Зоран Заев, секако во поголема мера злоупотребувајќи го неговото име, неговиот авторитет скоро во секоја прилика и неприлика, нешто со што му прават лична штета врз неговиот имиџ, а со тоа и самите на таков начин допринесуваат секојдневно да бидат таргет на многу групи нивни неистомисленици кои добро знаат како да ги пласираат сите нивни скандалозни патешествија.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ШЕФ НА ИЗБОРЕН ШТАБ НА СДСМ ЗА ОХРИД, ЛАЗЕ ТАНЕСКИ НА ШОПИНГ ВО БЕОГРАД?!

Локалните избори за градоначалник на Охрид, како и претседателските избори, претставуваат клучен сегмент и ќе даваат насока како ќе се движи волјата на граѓаните спрема актуелната власт и ќе покажат колку народот има доверба во власта. Од една страна, ВМРО-ДПМНЕ мобилизирано со сите свои ресурси, од членство, црни фондови итн., оди на своја цел во првиот круг да имаат макар еден глас повеќе од Коалицијата предводена од СДСМ.

Од друга страна, Изборниот штаб на СДСМ Охрид, предводен од Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Лазе Танески, делува како комплетен раштиман оркестар, но како добар познавач на приликите не само што знам, туку сум и убеден дека поединци во СДСМ предводени од Престедателот на СДСМ Охрид, Лазе Танески, прават тивка опструкција и бојкот кон нивниот кандидат д-р Константин Георгиески?!

Она што претставува траги-комедија е фактот дека на 1ви Април, шефот на Изборниот штаб попатно и претседател на СДСМ Охрид, Лазе Танески, наместо да биде во првите редови на промоцијата на кандидатот за Градоначалник на Охрид, д-р Константин Георгиески, истиот два дена пред Промоцијата отпатувал за Београд да купува невистински фустани за свадбата на неговата ќерка. Секако дека му посакуваме на младенците се најубаво во нивниот брак, но и изненадува глупавата изрека дека тој, не знаел дека ќе има избори, а свадбата била закажана од поодамна?!

Јавно го прашуваме Лазе Танески, како тоа незнаел дека ќе има Избори за Градоначалник и за Претседател, кога и тој самиот до последно како внатре партиски кандидат се надеваше и се кандидираше за прв човек на градот Охрид – Градоначалник и до последно се бореше со сите сили да постане Кандидат од редовите на СДСМ, на внатре партиските анкети покажаа дека има најнизок рејтинг од сите кандидати, а најповеќе на поставеното прашање на анкетите – „ НИКОГАШ НЕ БИ ГЛАСАЛ“,  Танески во оваа категорија на граѓани, никогаш не би гласал е своевиден рекордер, или потврдно на ова прашење за него одговориле 30% од испитаниците.

П.С. Искрено посакувам фер кампања, без ниски удари од сите страни. Ова што го пишувам доаѓа инспиративно како судир на два концепти кои сака некој упорно да ги наметне. Крајно безобразно и нечовечки, надвор од здрав разум, е некој да се води по онаа неговата глупава идеологија, по безобразно зад грб она, не сум јас, ама нема да бидеш ни Tи?!

Анкетата која ја спроведе редакцијата ОхридСкај за период од 7 дена, на прашање :

Кој сакате да биде Ваш градоначалник на Охрид, одговориле -гласале вкупно 771 гласач-граѓанин од Општина Охрид.

Резултатите се следни :

1.За Др Константин Георгиевски гласале 586 или 76.01% и за

2.Др Митре Милошевски гласале 185 граѓанин или 23,99 % од гласачите

НАПОМЕНА: На анкетата можеше да се гласа само еднаш од една IP и МАК адреса. Коефицинетот на пресметаност се множи со коефициент 10, од причина што претежно Општина Охрид има статични IP Адреси.

Забележително беше фактот дека се појавуваше Бот гласање, кое системот не го регистрираше, а Бот адресите, по автоматизам системот ги болираше. Анкетите кои ги спровде редакцијата ОхридСкај заклучно со 01-01-2019 до 24 часот, истите се врз реална основа без со можност на манипулација од само 0%.

Сашо Денесовски -Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дивоградба никнува на Матка, општина Сарај не реагира

saso user

За трудници и за мајки ќе има посебни паркинг места

saso user

Милошевски: Грижата за Охрид и охриѓани е на прво место

saso user