Сцена

Клуни: Бојкотирајте ги хотелите на султанот од Брунеи поради суровите закони за хомосексуалците

Холивудскиот актер Џорџ Клуни повика на бојкот на неколку хотели во САД и Европа поврзани со султанот од Брунеи кој најави дека во април ќе стапи на сила законот за казнување на хомосексуалците со каменување до смрт.

– Дали навистина треба да помогнеме во финансирањето на убиствата на недолжните граѓани – навел Клуни за американските медиуми и додал дека не треба да се поддржуваат таквите „убиствени режими“ како ниту нивните банки, институции и финансиери со кои соработуваат.

Султанот Хасанал Болкијах има апсолутна власт во Брунеи, а хотелите кои си спомнува Клуни, се во сопствеништво на Агенцијата за инвестиции на тие држави во југоисточна Азија.

Клуни повика на бојкот на хотелите „Дорчестер“ и „Коворт Парк“ во Велика Британија, „Беверли хилс“ и „Бел ер“ во Лос Анџелес, како и на два хотели во Париза и по еден во Рим и Милано.

Британскиот музичар Елтон Џон, кој во 2014 година се венча со партнерот Дејвид Ферниш, ја поддржа иницијативата на холивудскиот актер Џорџ Клуни и го пофали ставот на актерот против дискриминацијата на хомосексуалците во Брунеи. Новиот закон против хомосексуалците стапува на сила на 3 април.

ФОТО: EPA/ETTORE FERRARI

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Џамбазов: Ми се исполни сонот, конечно со Цеца ФОТО

saso user

Лејди Гага удри по Трамп: Тој е будала и расист!

saso user

Мадона им го нуди на Хари и Меган својот стан на Менхетен бидејќи Канада е „здодевна“ ВИДЕО

saso user