Број на текстови објавени денес: 37
Досие Македонија Топ вести

За промашените пиари, Кратко паметење , долго покајување?!

Беспредметно е на глув да му викаш!,ќе испадне онаа народната „Кој колку не лаже“, па доваѓа онаа народната -Кратко паметење , долго покајување?!

Некој си умослил дека постанал академски граѓанин , преку ноќ постанал се и сешто ,станал професор во реднјак , сега е на ред на сите да ни го покажува средниот?! Деца , деца , и кога изрснавте , формиравте семејства , повторно не пораснавте , некој птици , никогаш не полетуваат , па ете ни Вие никако да полетате?!!

Кога веќе превземате одговорност да постанете пиари, колку тоа убаво да Ви звучи на Вас и на вашите во вашата околија , треба едно да научите ,а тоа е фактот ,дека колку што можете штета да му нанесете со вашите недоветни однесувања , вашата самобендисаност, нарцисоидност, оној кој сакате да го преставите , му нанесувате толкава ненадомсестлива штета , што на крај Вие културно – селски ќе се повлечете,а него ќе го оставите да го собира во себе чемерот на евентуалниот негов пораз!?

Наместо да одите по максимата ,дека Добриот глас надалеку се слуша , Вие или ТИ , одиш со максимата ќе Ве викниме на пресс?! Еј , дечко , зарем ние новинарите , уреднициве ,Ви личиме на магарина , па ќе не викате кога Вие ќе го допиете кафето, ке се наручате , ќе завршите со кафе муабети ,колку тоа Вие-ТИ сте паметни ,а колку ние сме будалетинки и , немаме друга работа , па види чудо се јавил пиарот-потпаролот на штабот ,ќе трчаме веднаш, зошто ние немаме приватен живот , ние не јадеме, немаме другари , чекаме на стен бај да ни се јави пијарот ,абе од страв да не стигнеме на време , дури уринираме во гаќи?!!!

Со ваков стил на комуникација , си можеш,можете по дома , кај мене не поминува ,зошто кога ТИ ќе сакаш да ме свикаш на пресконференција , ние ќе седиме со другари ќе си пијаме кафе , ќе ручаме ,,,и така онаму додека не осознаеш дека новинарите не се стока.

Сашо Денесовски -Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Патријарх Вартоломеј: Го примивме барањето од таканаречената „Македонска црква“

saso user

Нови рочишта за „Траекторија“, „Монструм“ и „Титаник 3“ на СЈО

saso user

ЛДП спрема законски измени за неделите и празниците да бидат неработни и за продавниците и трговските центри

saso user