Број на текстови објавени денес: 34
Македонија Топ вести Урбани вести

(Фото-Видео)И, денес активно се гради минарето на АлиПашина Џамија во Охрид, законите за ИВЗ не важат?!

Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, преку соопштение испратено до средствата за јавно иннформирање, го истакна неговиот став, околу изградбата на Минарето на Али Пашината Џамија во Охрид. За не го„ Реставрацијата на Али Пашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа“. 

Се поставува отворено прашањето, дали за Исламската верска заедница во Република Северна  Македонија и  Господинот Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, некогаш биле на важност Законите во Македонија, како и тоа дали некогаш мислат да ги почитуваат законските регулативи?! Дали секогаш одбираат сензитивни моменти за да покажат сила пред народот, дека нив, никој ништо не им може, како и дека тие секогаш се над законот?! И, во светата книга на муслиманите КУРАНОТ, никаде ниту пишува, а уште помалку одобрува примена на сила и безаконие ?! Всушност и светата Книга Куранот е Господов Закон, по кој мора да се придржува секој верник, муслиман, а најповеќе кон таа света книга треба да се придржува Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи!

Денес во раните утрински часови, пред очите на органите кој се задолжени за спроведување на Устав и Закони, продолжи дотурот и изградбата на Минарето на Али пашината Џамија во Охрид.Никој ниту реагира од надлежните органи, кој се задолжени да воспостават почитување на Устав и Закон. Од Охридското Муфтиство, мудро молчат, од една страна ветуваат разбирање, од друга страна пуста нивна Беса не држи ниту една минута, онака по стилот: Никој не ни може ништо, наше си е‘ ?!

Ова се сликите од денес, сликани во 7:00 часот и, кратко видео од тоа како си тераат по свое !

Дали има Закон? Изгледа селективен???

Фото-Видео Охридскај-Кликнете за зголемување на фото.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Од денеска пријавувајте се за новите социјални додатоци

saso user

Адеми: До февруари голем дел од дивоградбите во Охрид ќе бидат расчистени

saso user

Мајката цел ноќ била во болница со заборавените деца, таткото бил на забава за Богородица

saso user