Свет

Загинаа седум лица, од кои четири деца, при напад врз болница во Јемен

Во ракетен напад врз болница во рурално подрачје во северозападен Јемен загинаа седум лица, од кои четири деца, соопшти меѓународната хуманитарна организација „Спасете ги децата“ (Save the children).

Ракетата била истрелана врз бензинска станица, која се наоѓа во близина на болницата Китаф, која е лоцирана на околу сто километри од градот Сад.

Меѓу загинатите е и еден здравствен работник и неговите две деца.

Организацијата „Спасете ги децата“ го осуди нападот истакнувајќи оти тоа е кршење на меѓународното право.

– Невини деца и здравствени работници ги изгубија животите во неселективен напад врз болница во густо населено цивилно подрачје – се наведува во соопштението на „Спасете ги децата“.

Конфликтот во Јемен почна во 2014 година кога главниот град Сана беше преземен од шиитските бунтовници Хути, кои имаат поддршка од Иран.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во 2015 година презеде офанзива против Хутите, а во воздушните напади загинаа илјадници цивили.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Американските сили привремено ја напуштаат Либија

saso user

САД со нови санкции кон Русија поради задржаните украински морнари

saso user

Уште пет градови под карантин во Кина поради новиот вирус

saso user