Бизнис Топ вести

Најмладиот милионер во Македонија има 15 години

Петнаесетгодишник е најмладиот милионер во земјава за 2017 година. Тој остварил доход од над 16.339 евра, а исто толку остварил и најстариот милионер кој има 98 години, во категорија заработка до милион денари.

Најмладиот милионер приходот го остварил од интернет услуги.

Дваесетгодишник, пак, е најмлад милионер кој остварил приход од над 162.600 евра колку што остварил приход и најстариот во категоријата заработка до 10 милиони денари, кој има 86 години.

Ова го соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на прес конференција на која ги презентира податоците за остварени највисоки приходи во 2017 година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Силјановска води во околу 40 општини, Пендаровски во околу 20 општини

saso user

Ако работите во Нов Зеланд од септември плата во биткоин

saso user

Заев: И сто хотели се џабе ако се загуби статусот од УНЕСКО

saso user