Македонија

МВР: Поранешниот градоначалник на Пехчево незаконски делел пари на здружение за култура

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување “.

Како што соопшти МВР, во текот на 2016 пријавениот, како градоначалник на Општина Пехчево, спротивно на Законот за јавни набавки, во 13 наврати донел решенија за исплата на парични средства на здружението за културни дејности „Млади во движење“-Пехчево, со што тоа се стекнало со противправна имотна корист од 1.091.650 денари на штета на Буџетот на општина Пехчево.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Температура до 39 степени, избегнувајте непотребно излегување надвор

saso user

Скопје попладнево го зафати невреме

saso user

Извадок на дел од дневни настани на МВР за ден 09.10.2019 година

saso user