Број на текстови објавени денес: 96
Досие Македонија Топ вести

ИВЗ,вразумете се додека има време .

Премногу галама за ништо од страна на ИВЗ. Искрено, до сега сакав да седам понастрана од сите збиднувања со Али Пашина Џамија во Охрид , пред све како верник , водејќи се од основното начело ,дека секој Храм Божји, го респектирам , Бог е еден и единствен,кој како и да го нарекува.

Искрено ,не сакав да се мешам во нешто што го закувале владата ,тогаш предводена од  ВМРО ДПМНЕ и ИВЗ во 2016 година , а кое нешто сега го разединува народот во Охрид.

Понекогаш мегаломанијата нема граница!, неспорно дека се работи за Верски објект кој е сопственост на ИВЗ , но е и споменик на Културата заштитен со Закон, а над законот не може да биде никој ,ама никој ,ниту ИВЗ .

Али паша џамија е сместена во Старата охридска чаршија. За годината на нејзината изградба и за нејзиниот ктитор не постојат точни податоци. Според една вакуфнама која датира од 1491 година и во која се споменуваат сарај и вакафи кои му припаѓале на Али Паша .Според некој податоци се смета дека имало и џамија која го носела неговото име.

Според архитектонските карактеристики и едноставноста на формите, џамијата била изградена кон крајот на 15 или почетокот на 16 век. Во составот на џамијата во 1823 година била подигната и медреса која денес не постои.Должината на Џамијата изнесувала 15 метри , ширина од 15 метри , има 1 купола ,а имала и едно Минаре.

Преодното решение во внатрешноста на џамијата е решено со помош на тромпи. Сите страни од харимот непрекидно водат кон единствената точка на кубето што ја симболизира единственоста на Алах, доста тесните отвори на прозорите се карактеристика на локалната градба што говори дека нејзиниот неимар е веројатно од Охрид. Првобитниот трем не е сочуван но следејќи ги аналогиите со слични објекти во овој период може да се претпостави дека бил од типот на отворен трм со три мали куполи.Внатрешноста на џамијата се одликува со единство на просторот, едноставност на формите и доминација на волуменот. Михработ, сместен на југоисточниот ѕид е со еднставна форма – вдлабен во ѕидот, без декоративни елементи и врамен во плитко профилирана рамка. Минберот е изработен од камен и на него се појавуват единствените декоративни елементи во целиот внатрешен простор. На горниот дел од минбарот изведени се во плиток рељеф розети и мотивот на чемпрес (кипарис), кој всушност претставува стара и универзална слика со погребна симболика, и истиот може да се смета за типичен мотив од народниот фолклор од крајот на 18 и почетокот на 19 век.По целата должина на југозападната страна е сместен махвилот, кој на свој начин го смирува волуменот во внатрешноста. Остатоците од минарето се наоѓаат до јужната страна од џамијата. Тоа е урнато во 1912 година. Според димензиите на неговата основа станува збор за минаре кое со својата височина и елегантност доминирало во овој дел од охридската чаршија. Градено е од тула и во него се влегувало и од тремот но и од махвалот во џамијата.

Основата врз која е подигната џамијата ,истата е подигната врз темели на православна Црква ,каде сеуште се наојќаат врагменти од разрушениот православен весрки објект.Али Пашината џамија е градена од камен и печена цигла и е меѓу првите џамии која е изградена во Македонија. Целиот харим на џамијата нема никакви форми ,кои би ја нарушиле неговата целина.

Со донација од невладината Тусрка организација „ТИКА“ , дадена е донациј за изградба и возобнување на Минарето на Али Пашината Џамија во Охрид ,за што од страна на владата предводена од ВМРО ДПМНЕ , тогаш била издадена експресна дозвола , при тоа не земајќи го во предвид Законот за Култорно историски споменици, Законот за Охрид,Законот за градба и што ти уште не ?! Во 2017 година се поништува одобрението за градба ,Завод и Музеј Охрид и тогашното министерство за култура, бараа начин како да ја исправат грешката ?!

Сега таа нивна мегаломанска грешка , желбата тогаш, да се додоворат до муслиманскиот лекторат, сега создава нови проблеми ,кој лесно можат да прераснат во верски конфликт.

Народот во Охрид не заслужува дворски игри предводени од ИВЗ и ВМРО ДПМНЕ .Ок , имало минаре,срушено е како што наведов од нејасни историски причини во 1912 година.Според сите записи истото било со височина од некаде 20 метри ,кое било изградено од печена тула.

Но зошто ИВЗ сака токму во овој момент да се подигрува со законите?! Зошто да не биде нормална реконструкција , туку мора да биде мегаломанска? ! Или ИВЗ сака да демонстрира некаква си моќ на доминација ?! Искрено тотално нејасно!!

Единствено нешто што преостанува е властите да си го спроведат Законот , а ИВЗ да се откаже од своите аспирации за доминација, зошто и 1000 метри да биде високо минарето , нема да се поблиску до Господа во простување на гревови.

Доколку ИВЗ сака да докаже дека весркиот обејст-Џамијата е нивна и ќе прават што сакаат , тогаш , исто толку право имаат и православните верници, зошто со доваѓање на османлиите на балканот ,своите Џамии ги соградувале на места на преубави православни храмови-Цркви,кои ги рушеле до темел ,за да ја соградат џамијата и да го истакнат своето времено владеење врз таа територија.

Вразумете се додека има време .

Сашо Денесовски -Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Шекеринска не кажува дали ќе се екстрадираат припадниците од ФЕТО

saso user

Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски, Мицкоски да не драми

saso user

ДЕНЕСОВСКИ:Мицковски,сви јунаци ником поникоше, и у црној земљу погледоше!

saso user