Свет

Можно е да има повеќе од 1.000 загинати во циклонот, тврди претседателот на Мозамбик

Претседателот на Мозамбик, Филипе Њуси изјави дека е можно повеќе од илјада луѓе да го загубиле животот во циклонот „Идаи“.

Иако моментно официјалниот биланс на жртвите изнесува 84, Њуси истакна дека стравува оти ќе има повеќе од илјада загинати.

Тој нагласи и дека над 100.000 луѓе „се во опасност“ од последиците на циклонот „Идаи“, кој според многумина е најкатастрофален во последните 20 години.

– Реките Пунге и Бузи се излеале од своите корита, исчезнале цели села, а многу се отсечени од светот – изјави Њуси, додавајќи дека станува збор за катастрофа од огромни размери.

Претседателот со хеликоптер го посетил пристаништниот град Беиру, како и руралните провинции Маника и Софала, кои се уништени од поплавите.

Циклонот „Идаи“ минатата недела го погоди Беиру, а потоа ги зафати Зимбабве и Малави. Во сите три земји загинаа вкупно 2015 лица, стотици се водат како исчезнати, а над 1,5 милиони луѓе се погодени од последиците на невремето.

ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јапонија и Сингапур со најмоќни пасоши во светот

saso user

Мадуро повика на дијалог, Гуаидо да се излезе на улица

saso user

Најмалку шестмина загинати при напад на Воената академија во Кабул

saso user