Број на текстови објавени денес: 98
Сцена

18-годишната сестра на пејачот на „Уан дирекшн“ пронајдена мртва во станот ФОТО

Фелисите Томлинсон, сестрата на британскиот пејач и поранешен член на бендот „Уан дирекшн“, Луис Томлинсон (27) е пронајдена мртва. Како што пренесуваат британските медиуми, 18-годишната сестра на поп-ѕвездата наводно починала од последици од срцевиот удар.

Нејзиното тело го пронашле во станот во Лондон каде што веќе извесно време живеела, а и покрај исклучителните напори на итната помош која брзо пристигнала, лекарите единствено можеле да прогласат смрт.

Обдукцијата ќе покаже за што, вусшност, станува збор и која е точната причина за смртта на младата девојка. Полицијата потврдила дека покрај Фелисите не е пронајдена дрога ниту каква било друга недозволена супстанција.

Луис е скршен поради ненадејната смрт на својата сестра, а оваа трагедија му паднала уште потешко, бидејќи пред само три години ја изгубил мајка си, која во 2016 година починала од леукемија.

Фелисите ја сакала модата и се занимавала со моден дизајн, а наводно планирала да ја издаде и својата прва книга.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Гранде ја надмина Гомез и стана најследена девојка на Инстаграм

saso user

Полусестрата на Маркл: Меган нема срце и не е жртва

saso user

Ким Кардашијан стажира во адвокатура, сака да стане адвокат

saso user