Број на текстови објавени денес: 4
Македонија

Ќосето сака да остане со другарчињата во Шутка, обвинителството бара притвор за сите

Обвинителката Ивана Трајчева по изрекување на пресудата за случајот 27 април, побара од судот сите обвинети да завршат во притвор поради, меѓу другото, опасноста од бегство.

Повеќето од осудените се наоѓаат во притвор и за нив Трајчева побара продолжување на мерката. За тие кои се на слобода со гаранции од имот, таа побара да им се определи притвор до правосилност на пресудата. Одбраната се противеше на ваквиот предлог, а меѓу аргументите на одбраната беше тоа дека тие имаат дадено гаранција во имот, како и дека досега ги почитувале мерките на претпазливост.

Горан Ѓошевски Леви посочи дека нема намера да бега, а тоа можат да го потврдат и полицајците кои последните четири дена, тврди тој, нелегално го следат и му ја надгледуваат куќата. Абдуљфета Алими, пак, рече дека нема намера да ги срами неговите два сина со тоа што ќе го прекрши дадениот збор дека нема да бега.

– Нема да живеам 200 години, па да бегам негде. Ако Апелација го потврди ова ќе одам во затвор, нема да биде крај на животот – рече Алими.

Јане Ченто пак во приговорот за притвор кажа не се плаши од затвор и оти еден ден ќе огрее сонце во Република Македонија. Кога е во прашање Горан Ангеловски Ќосето, пак, неговиот адвокат рече декс тој нема да избега.

– Сега да биде пуштен на слобода, ако јас не го однесам до Велес нема како да стигне дома – рече адвокатот, а Ќосето пак побара да си остане во Шутка со другарчињата зошто супер се чувствувал таму.

Да останат во Шутка побараа и Вилијам Михајловски и Влатко Трајковски.

Трајковски иронично прокоментира оти ако го пуштат ќе си ги продаде децата и ќе избега.

Денеска во Кривичниот суд во Скопје беше изречена пресудата за 27 април со која ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков доби 18 години затвор, 15 години затвор добија Душко Лазаров, Митко Пешов, Горан Ѓошевски Леви, Мунир Пепиќ, Никола Митревски-Кољо, Јане Ченто и Влатко Трајковски, додека 14 години Вилијам Михајловски, 13 години Оливер Поповски, 12 години Игор Југ, Младен Додевски и Горанче Ангеловски Ќосето, а 10 години затвор Оливер Радулов. Под 10 години добија Александар Василевски-Нинџа кој е осуден на осум години, а една помалку доби Абдуљфета Алими.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Андов: Вакво нешто не сум помислил дека може да се случи, јас не продавам книги

saso user

Граќански организации: Зошто постои СЈО ако „бомбите“ не се доказ?

saso user

Спасовски: Возачот од автобуската несреќа добива закани, се преземаат мерки за заштита

saso user