Број на текстови објавени денес: 3
Свет

Ѓуриќ: Зад убиството на Оливер Ивановиќ стојат властите во Приштина

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ денеска оцени дека е „повеќе од сигурно“ оти актуелните власти во Приштина директно стојат зад убиството на лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ.

Ѓуриќ очекува истражните органи во Србија наскоро да бидат во можност да обезбедат повеќе информации за ова случај.

– Сите ние сме убедени дека (Хашим) Тачи, (Кадри) Весели и сегашните власти во Приштина директно стојат зад убиството на Оливер Ивановиќ и очекувам нашите истражни органи наскоро да бидат во можност да обезбедат повеќе информации за овој случај, бидејќи тоа е нешто што целиот свет треба да го знае. Затоа, во Приштина, наместо ѕвецкање со оружје, треба да почнат да размислуваат за подготовка на одговорите за правосудните органи – порача Ѓуриќ во писмената изјава за медиумите.

Тој нагласува дека Србија никому не му се заканува и дека за разлика од Приштина ги почитува сите свои граѓани, а Србите во Косово „секако немаат потреба од загриженост поради ѕвецкањето со оружје на Тачи“, бидејќи српската држава одговорно ќе се грижи за нивната иднина и безбедност.

ФОТО: МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Поради аферата „селфи“, БиХ испраќа протесна нота до Хрватска

saso user

Петровиќ: Денешниот напад е последица на кампањата од Приштина и Белград против мене

saso user

Чехинки за 10.000 евра кажуваат лажно „да“ на мажи од Косово или Турција

saso user