Број на текстови објавени денес: 43
Свет

Фејсбук: Проблем со серверите причина за падот на социјалните мрежи

Фејсбук  ја обвини „промената во конфигурацијата на серверите“ за најголемиот пад во таа социјална мрежа во историјата, каде што апликациите престанаа да работат низ целиот свет.
Тоа траеше најмалку 12 часа во многу области низ целиот свет, со најголемо влијание во Северна Америка и Европа.
Откако објави дека во средата имало проблем, Фејсбук остана без коментар речиси 24 часа пред објавувањето на објаснување и извинување.
– Како резултат на конфигурацијата на новите сервери, многу корисници имаа проблеми со нашите апликации и услуги, објави Фејсбук на Твитер.
„Ние го решивме проблемот и нашите системи се опоравуваат. Многу ни е жал за проблемите и ние сме благодарни за вашето трпение”, се вели во објавата.
Се верува дека тоа бил најголем дефект во историјата на Фејсбук, каде сега има околу 2,7 милијарди корисници само на главната социјална мрежа, како и на Инстаграм и апликацијата за пораки.
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЕУ: Решението за Договорот за Брегзит мора да го најде Лондон

saso user

САД бараат итна седница на СБ на ОН за Венецуела

saso user

Опозицијата бара оставка од јапонски министер, кој задоцнил три минути

saso user