Број на текстови објавени денес: 132
Сцена

Момчето среде улица ја нападнал пијаната Парис Џексон: Жестока расправија и плачење ФОТО

Ќерката на починатиот поп-пејач Мајкл Џексон, Парис и нејзиното момче Габриел Глен се фатени во жестока и агресивна расправија во Њу Орлеанс. Парис Џексон (20) често е фотографирана со алкохол во рака, а сега и како се кара и турка со момчето.

Според британските медиуми, Парис била видно пијана, што подоцна таа демантирала.

Кавгата почнала во кафулето, за да продолжи на улица. Парис (20) избегала во Њу Орлеанс по прикажувањето на документарниот филм „Напуштајќи го Неверленд“ за педофилијата на нејзиниот татко, Мајкл Џексон.
Во еден момент, Парис заплакала и почнала да го крие лицето, бидејќи Глен ја кренал раката и ја стегнал тупаница и за малку ќе ја удрел. За среќа, до физичка пресметка не дошло. Сепак, папараците го уловиле секој детаљ од жестоката расправија.

Откако се појавија фотографиите од кавгата, Париз на Твитер објасни дека само глумеле тажен филмски прекин на врската.

Сведоците на кавгата, пак, тврдат дека Парис во еден момент се расплакала и му викала на момчето да ја пушти и да не ја допира.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Протест на ѕвездите поради Оскарите, се кренаа и Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт де Ниро

ohrid_user

Сашко Коцев на Бубамара: Се моли Мира Дизел да се јави на бензиска, а роднините во Антикорупциска

saso user

Лиам од Продиџи: Кит си го одзеде животот

saso user