Број на текстови објавени денес: 43
Македонија

Мерко ќе се вози во „ауди А6“, кое не било луксузно зашто граѓани возат автомобили од 100.000 евра

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ја подновил општината со четири нови автомобили, од кои и една луксузна лимузина „ауди А6“. Вредноста на набавката е 114.000 евра.

За Мерко автомобилот „ауди А6“ вреден 66.700 евра не е луксузен, бидејќи според неги обични граѓани возат автомобили вредни 100.000 евра.

Освен „аудито“  набавени се „шкода октавија“ вредна 18.700 евра и две „шкода рапид“, кои чинат по 14.205 евра.

Според Мерко, набавката на автомобилите била неопходна бидејќи општината немала возила, а тие што ги имала биле хаварисани.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

После стотиците рочишта новинарите добија свое катче во Кривичниот суд

saso user

Политичарите во чест на Борис Трајковски: Тој беше мудар, етичен, голем и храбар човек

saso user

Поповски: Владата е подготвена да го поддржи вистинското и професионално новинарство

saso user