Број на текстови објавени денес: 0
Свет

„Комерсант“: Русија сака да привлече пет до 10 милиони нови жители од соседните земји

Кремљ подготвува институционална основа за преселување во Русија на што е можно поголем број лица од соседните земји, тврди московскиот весник „Комерсант“.

Според весникот, со ваквиот план Русија има амбициозна цел да привлече меѓу пет и 10 милиони жители, пред се од земјите каде има голем број Руси, како Украина, Казахстан, Узбекистан и Молдавија.

Работната група за спроведување на овој план вклучува 24 лица, меѓу кои и службеници во руските министерства и агенции, како и пратеници во Државната дума. Со групата, според „Комерсант“, раководи шефот на Управата за гарантирање на уставните права на граѓаните при Кремљ, Максим Травников.

Идеолошката база на планот е Концептот за миграциска политика, што минатата есен го промовираше рускиот претседател Владимир Путин.

Идејата на планот е да се создадат услови за преселување на Руси од соседните држави во Русија, имајќи ја предвид демографската криза со која се соочува земјата, наведува „Комерсант“.

Со планот се предвидува во текот на мај Државната дума да одобри законски предлози поврзани со правото на стекнување државјанство и можности за населување во Русија.

Според експерти, на кои се повикува „Комерсант“, за компензирање на негативниот природен прираст, на Русија ќе и биде потребно да „увезува“ по околу 300.000 лица годишно.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Полицијата со солзавец го разби осмомартовскиот марш во Истанбул

saso user

Уапсен маж во Крајстчрч, дојава за поставена бомба

saso user

Промовирана прва енциклопедија за деца

saso user