Број на текстови објавени денес: 127
Македонија Топ вести

И германската Амбасада реагира на изјавата на Мицкоски за Нирнбершките процеси

Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со Нирнбершките процеси е несоодветна, смета Амбасадата на СР Германија во Скопје.

Во својата писмена реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во која судењето за случајот „27 април“ го спореди со Нирнбешките процеси, амбасадата наведува дека „со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците“.

– Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на
поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за нирнбершките процеси се целосно неприфатливи – се наведува во посмената реакција на германската Амбасада.

Амбасадата на САД вчера реагираше на, како што оцени, потпалувачките изјави на политички лидери што предизвикуваат страв и поделби, особено кога некоректно за политички цели се користат историски настани како што е Нирнбершките процеси.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Претседателските избори со најмалку кандидати по тие во 1994-та

saso user

Пендаровски, Спасовски или некој друг ќе се знае денеска

saso user

Во сообраќајот нема место за неисправни и нерегистрирани возила

saso user