Број на текстови објавени денес: 0
Свет

ЗДФ: Тесна поврзаност меѓу политиката и мафијата во Албанија

Албанската мафија е многу активна и нејзината активност се протега низ цела Европа, се наведува во репортажа емитувана на германската телевизија ЗДФ.

Телевизискиот канал тврди дека борбата против трговијата со дрога во Албанија е со ниска ефикасност и покрај помошта на италијанските власти, а причина е „високото ниво на корупција во полицијата и поврзаноста на политика со мафијата“.

– Полицијата тврди дека ситуацијата е под контрола, но бројките упатуваат на спротивното, бидејќи Европол во 2017 година ја посочи Албанија како најзначаен производител на канабис во Европа – констатира ЗДФ.

Германските новинари биле изненадени од бројот на луксузни автомобили во Тирана, во услови кога „Албанија е една од најсиромашните земји во Европа и каде просечната плата е околу 330 евра“.

Во репортажата, ЗДФ посебен простор отстапува на обвиненијата против поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири за поврзаност со меѓународна трговија со дрога.

Телевизијата го наведува и случајот со поранешниот офицер од секторот за борба против наркотици Дритан Загани, кој сега живее во азил во Швајцарија, откако обвини за поврзаност на државата со недозволената трговија со дрога.

– Албанија се бори против одгледувањето на дрога, но се додека политиката и мафијата се тесно поврзани, оваа битка изгледа безначајна и тешко дека ќе биде успешна – констатира германската телевизија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Две дојави за бомби во центарот на Киев, евакуирани 1.500 луѓе

saso user

Во Помпеја откриена одлично сочувана фреска на Нарцис

saso user

Ограбени над 500 продавници во венецуелски град при хаваријата со електроснабдувањето

saso user