Број на текстови објавени денес: 2
Бизнис

Домашните бизниси полесно продаваат производ во Минхен отколку во Бунарџик

Сојузот на стопански комори бара во договорите за поддршка на државата со странските инвеститори да постои клаузула за соработка со домашните компании. Со ова, како што беше речено на денешната прес-конференција, ќе се подобри соработката на домашните компании со инвеститорите во слободните економски зони која сега е незначителна.

Барањето, како што рече Трајан Ангелоски, член на Управниот одбор на комората, не е доставено до Владата.

– Како ќе се направи тоа е прашање на договор, но може да се направи според вредноста на субвенцијата. Може компаниите странски инвестиции да се обврзат 3,5,10 отсто од вградените суровини да бидат со македонско потекло – рече Ангелоски.

Тој додаде дека во последните две години од донесувањерто на новите владини мерки за странските инвестиции процесот на соработка со домашните компании е во постојан раст, но сѐ уште е низок со оглед на можноста дека домашните компании можат да имаат повисоко учество во соработката.

Ангелсоки им забележува на странските инвеститори дека имаат крути менаџерски тимови и политика која не им дозволува да излезат од шаблонот на компаниите инвеститори и формираат железна ограда кон домашните компании.

– Многу полесно е да се отвори купувач во Минхен отколку да се направи контакт со компаниите во Бунарџик. Одделни странски компании не ги покажат своите потреби некаде, ниту пак отворат оглас за понуди. Има компании кои не одговараат на телефон ниту на мејл, уште помалку им се дава можност на домашните бизнисмени да закажат средба со главните менаџери – појасни Ангелоски.

Тој, меѓутоа, не беше милозлив ниту кон домашните компании.

– Ако сакаме да ја зголемиме соработката домашните компании мора да работат на кадровско-технолошко осовременување за да понудат квалитетен производ – рече Ангелоски.

Александар Зарков, извршен директор на Сојузот истакна дека согласно анализата на коморите за 2018 година соработката со компаниите од слободните зони треба да се поддржува и охрабрува, бидејќи само 4 отсто од анкетираните компании се изјасниле дека се дел од вредносните синџири на компаниите од слободните економски зони, 6 отсто обезбедуваат одреден тип на услуга, имаат некаков вид на соработка се изјасниле 13 отсто, 18 отсто бараат можност за да соработуваат и многу високи 59 отсто немаат никаква соработка и не превземаат конкретни мерки за надминување на ваквата состојба.

– Големите компании имаат највисок процент во вредносниот синџир на компаниите од слободните економски зони со 10 отсто, додека овој процент кај малите компании е максимално 5 отсто. Големите компании исто така учествуваат со највисок процент на логистичка поддршка на компаниите од зоните со 10 отсто -рече Зарков.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лагард: Избегнато „страшно сценарио“ за Брегзит

saso user

Автоматизацијата ќе укине една четвртина од работните места во Словенија

saso user

Првиот експресен воз на релација Атина-Солун ќе вози од идната недела

saso user