Број на текстови објавени денес: 132
Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУГА РАМИЗ МЕРКО ЌЕ СЕ ВОЗИ СО НОВО АУДИ А6 ОД 67.000 ЕВРА

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ќе се вози во ново Ауди А6 вредно 67.000 евра. Општината на крајот од ноември лани се подновила со 4 автомобили тешки 114.000 евра. Покрај луксузниот автомобил за Градоначалникот, општината набавила и една Шкода Октавија лимузина со пет седишта за речиси 19.000 евра како и два автомобили Шкода Рапид исто така лимузини со пет седишта за цена од 28.500 евра.

Тендерот го добила битолската фирма „ЈОСИФОВ ДООЕЛ увоз-извоз“. Ова е втор обид на Мерко да набави нови автомобили, бидејќи првиот оглас за набавка, распишан минатата година му пропадна бидејќи немаше ниту една доставена понуда.

Инаку,Вадата во минатата година со 50 милиони евра од Буџетот ги покри долговите на општините.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ципрас ги пакува куферите, на крајот од март гостин во Скопје

saso user

Ѓорчев смета дека Иванов постапува според Уставот кога не ги потпишува законите со Северна Македонија

saso user

Османи: Имаме добри односи во Владата, ноќеска работевме до два

saso user