Број на текстови објавени денес: 127
Сцена

„Боемска рапсодија“ ќе добие продолжение: Обажавателите збеснаа

Иако ваквата информација сѐ уште не е потврдена, се зборува дека режисерот на филмот „Боемска рапсодија“ сериозно размислува за негово продолжение, изјавил Руди Долезал.

Австрискиот режисер бил долгогодишен пријател на Фреди Меркјури, а за австриските медиуми сега ги откри плановите на режисерот на биографскиот филм за групата „Квин“.

– Не е познато дали приказната на филмот ќе биде сосредоточена на животот на Фреди или на бендот – изјавил Руди. Долезал официјално почнал да работи со бендот по Лајф ејд“, историскиот момент кога Фреди го освои целиот свет, а ги режирал и нивните видеоспотови.
Но, идејата не ги шокирала обожавателите ширум светот. Имено, уште во декември минатата година, гитаристот на бендот Брајан Меј ги поттикна гласините за продолжение на „Боемска рапсодија“.

– Мислам дека тоа е природна кулминација и тоа отсекогаш беше така, од најраните сценарија. Чувствувавме дека концертот беше врвот, но кој знае, можеби постои продолжение – изјавил Брајан.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Три Оскари за црниот пијанист

saso user

Лејди Гага на доделувањето на Оскарите ќе биде придружувана од менаџерот

saso user

Поради Јелена никогаш не се премажив: Животната приказна на Дивна Карлеуша остава без здив!

saso user