Број на текстови објавени денес: 133
Спорт

Бенчиќ и Кербер во полуфиналето на Индијан Велс

Швајцарката Белинда Бенчиќ и Германката Анжелик Кербер се пласираа во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс (САД). 22-годишната Бенчиќ најде место меѓу најдобрите 4 за прв пат во својата кариера, откако запиша триумф над поставената под број 5 во шемата, Каролина Плишкова (Чешка) со 6:3, 4:6, 6:3.

За Бенчиќ, која минатиот месец ја освои титулата на турнирот во Дубаи, ова беше шеста последователна победа над тенисерка од топ 10, а таа беше постигната по неизвесна битка што траеше 2 часа и 16 минути.

Тешка победа оствари поранешната лидерка на светската ранг-листа, Анжелик Кербер. Германката победи со 7:6 (3), 6:3 против Американката Венус Вилијамс и за место во финалето ќе спори со Бенчиќ.

Кербер имаше проблеми во почетокот на натпреварот и допушти заостанување од 2:4 во гемови, но потоа почна да го наоѓа ритамот во играта и да го освои првиот дел по тајбрејк. Во него Кербер имаше сериозна предност против 38-годишната Вилијамс и по силен бекхенд, Германката го зеде првиот дел со 7:3 во поени.

Во вториот сет отпорот на Вилијамс беше помал и тоа и овозможи на противничката и да го затвори натпреварот по час и 36 минути игра.

Во другото полуфинале, кое ќе се игра подоцна денес, Украинката Елина Свитолина излегува на средба со Чехињата Маркета Вондрушова.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Италијанскиот печат го нападна „слабакот“ Фетел

saso user

Санчез: Не сум среќен во Баерн

saso user

Почетино: Имавме малку среќа, но заслуживме да одиме понатаму

saso user