Број на текстови објавени денес: 0
Свет

Австралиски сенатор за нападите на Нов Зеланд ги обвини „муслиманските имигранти“

Австралискиот сенаторот Фрејзер Анинг го навлече бесот на австралиската и новозеландската јавност поради неговите коментари дека „муслиманските имигранти“ се виновни за денешниот напад на две џамии, во кои загинаа најмалку 49 лица.

Сенаторот од Квинсленд изјави дека „вистинската причина за крвопролевањето на улиците на Нов Зеланд денеска е програмата за имиграција која на муслиманските фанатици им дозволила да се преселат на Нов Зеланд”.

„Иако ова одмазничко насилство не може да се оправда, она што треба да се нагласи е растечкиот страв во нашата заедница, како во Австралија така и во Нов Зеланд поради зголеменото присуство на муслимани”, наведе тој во изјавата.

„Дали некој сé уште ја оспорува врската меѓу муслиманската имиграција и насилството? Се прашувам дали ќе има толку многу бес од левото крило кога ќе се случи следниот муслимански терористички напад? Најверојатно ќе замолкне и ќе зборува за напади извршени од осамен волк, ментална болест и дека сето тоа нема врска со исламот”, додаде тој.

Премиерот на Австралија Скот Морисон прв ги осуди националистички ставови на сенаторот.

– Забелешките на сенаторот Фрејзер Анинг, кој за смртоносните напади извршени од насилен, десничарски, екстремистички терорист во Нов Зеланд ја обвини имиграција, се одвратни – рече тој.

– За вакви ставови нема место во Австралија, а не пак во австралискиот парламент – истакна премиерот Морисон.

Лидерот на опозицијата, Бил Шортен, рече дека сенаторот Анинг „заслужува презир и осуда од пристојните луѓе од секаде”. – Тој не зборува во името на нашиот парламент или нашата земја, потенцираше Шортен.

Поранешниот премиер Малколм Турнбул ги нарече коментарите вредни за презир.

– Тој е срам за Сенатот и што е полошо, со ширењето омраза и со тоа што ги врти Австралијците едни против други, го прави токму она што терористите го сакаат – рече тој.

Сенаторот Енинг и претходно давал супремистички изјави. Минатата година во август во своето обраќање пред Парламентот, тој повика на забрана за муслиманска имиграција и побара враќање на политиката на Бела Австралија.

ФОТО: EPA / Martin Hunter

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Децата во Белата куќа се дружеа со Трамп, Меланија и Зајко (ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО)

saso user

Катругалос: Двете земји му должиме почит на Нимиц

saso user

Русија испрати над 2.000 тони пченица во Северна Кореја

saso user