Број на текстови објавени денес: 127
Спорт

УЕФА подготвува жесток удар за Нејмар

Најскапиот фудбалер во историјата Нејмар може да добие жесток удар од УЕФА и да добие солидна казна за своето однесување по натпреварот на неговиот ПСЖ со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите минатата недела.

По завршувањето на битката, Бразилецот влегол во тунелот на „Парк де Пренс“ и почнал да ги напаѓа вербално судијата и другите официјални лица. Причината беше неговото незадоволство од досудениот пенал во продолжението на натпреварот, поради кој Парижаните беа елиминирани од турнирот.

Според голем број на европски медиуми, јужноамериканецот може да изгори за три натпревари, откако Дисциплинската комисија на УЕФА започна истрага против него. Тој ќе треба да одговара и поради своите зборови во социјалните мрежи по натпреварот, што дури може да ја зголеми неговата санкција. Поверојатно е, сепак, за вториот прекршок да плати парична казна.

Убавата вест за Нејмар е дека евентуалната негова санкција ќе стапи на сила во следното издание на Лигата на шампионите, а во принцип Пари Сен Жермен со леснотија ја надминува групната фаза. Проблемот, сепак, доаѓа во елиминациите.

ФОТО: EPA / JULIEN DE ROSA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Шеик нуди 3,8 милијарди долари за Манчестер Јунајтед

saso user

„Марка“: Реал го привлекува Икарди за 40 милиони евра

saso user

Клинсман доби повеќе од 3,3 милиони долари од Фудбалската федерација на САД

saso user