Број на текстови објавени денес: 127
Свет

Трамп се закани со вето

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори на Твитер со еден збор „вето“ на вечерашната усвоена Резолуција на Сенатот за укинување на одлуката за воведување вонредна состојба во земјата поради ситуацијата на границата со Мексико.

Резолуцијата беше усвоена со 59 гласови „за“ и 41 „против’. Покрај сите сенатори демократи, за Резолуцијата гласаа и 12 републикански членови на Сенатот.

Сепак, демократите не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство во Сенатот, со што се овозможи Трамп да стави вето на Резолуцијата.

Резолуцијата претходно беше усвоена и од Претставничкиот дом на Конгресот, по што Трамп најави дека ќе стави вето на документот.

Тоа ќе биде прво вето на Трамп на некоја одлука на Конгресот, откако стапи на должноста во јануари 2017 година.

Трамп прогласи вонредна состојба со цел да може без одобрение на Конгресот да издвои неколку милијарди долари од буџетските средства за изградба на ѕид на американско-мексиканската граница за спречување на илегалната миграција, што беше едно од неговите главни ветувања во текот на изборната кампања во 2016 година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Трамп: Ако треба ќе изградиме „човечки ѕид“

ohrid_user

САД бараат итна седница на СБ на ОН за Венецуела

saso user

Ученик бара отштета од 250 милиони долари од „Вашингтон Пост“

saso user