Број на текстови објавени денес: 127
Македонија

Се чека одлука за притвор на четворицата осомничени од УБК

Четирите лица кои како вработени во УБК од 2007 до 2017 година го оштетиле државниот буџет и за кои попладнево Јавното обвинителство соопшти дека е побаран притвор, во моментов се наоѓаат пред судија на претходна постапка, потврдија за МИА од ЈОРМ.

Се чека одлуката на Судот дали лицата ќе бидат притоврени, за што јавноста, како што нагласија од ЈОРМ, дополнително ќе биде известена.

Некои медиуми попладнево објавија дека Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинет на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков, кој е еден од четирите лица за кои Обвинителството поведе истрага, пред малку е уапсен по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска издаде Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица осомничени дека како вработени во УБК ја злоупотребиле својата службена положба и го оштетиле државниот буџет за 50.670.000 денари.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот јавен обвинител до Судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје1 – Скопје, достави предлог за мерка – притвор за осомничените.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Средба на премиерот Заев со делегација на Меѓународната организација на трудот предводена од регионалниот директор за Европа, Колер

saso user

„Зегин“ и г-дин Благој Механџиски ја врачи стипендијата на ќерката на прерано починатиот градоначчланик на Охрид Стојаноски

saso user

Кацарска му порача на Поповски да не фаќа врски преку сопругата

saso user