Број на текстови објавени денес: 0
Спорт

Роналдо може да биде казнет за непристојниот гест во мечот со Атлетико

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо може да биде казнет за непристојниот гест, кој го покажа по „хет-трикот“ против Атлетико Мадрид (3:0) за време на реванш-дуелот од осминафиналето од Лигата на Шампионите, пишува „Мундо Депортиво“. Со трите гола кои ги нанижа Португалецот во мрежата на Јан Облак, „бјанконерите“ се пласираа во следната фаза на натпреварувањето по успехот со 3:2 од двата меча.

Роналдо не се воздржа по она што го направи на „Јувентус“ стадионот и покажа гест кон трибините, насочувајќи го вниманието кон гениталиите.

Во наредните денови ќе стане јасно дали Комисијата за контрола, етика и дисциплина при УЕФА ќе се зафати со случајот. На Португалецот му се заканува парична казна или казна со лишување од натпреварувачките права, а втората казна е помалку веројатна.

Потсетуваме дека по првиот судир меѓу „јорганџиите“ и „Старата дама“ на „Ванда Митрополитано“, кој заврши со успех за домаќините со 2:0, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне направи сличен гест. Тогаш Европската фудбалска централа донесе одлука да му наметне парична казна во износ од 20.000 евра.

ФОТО: Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дуел на неделата: Вардар против ППД Загреб

saso user

Лејкерс го претстави новиот тренер Фогел, без детали од договорот

saso user

Лејкерси со импресивен пресврт до победа против Хјустон (видео)

saso user