Број на текстови објавени денес: 131
Македонија Топ вести

Потписот на свиркачот од МВР бил вметнат во барање за уништување опрема за прислушување

По хард-дискот, на свиркачот од МВР, Звонко Костовски, на денешното судско рочиште за „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на масовното прислушување, обвинителите од СЈО му презентираа уште еден доказ. Станува збор за допис до тогашниот началник Горан Груејевски од одделот каде работел Звонко Костовски како инженер.

– Вакво писмо е направено за да се докаже дека има потреба да се уништи опрема затоа што материјалите зафаќаат многу простор за нивно чување – рече обвинителот Артан Ајро.

Откако му го даде дописот Костовски во детали наоѓаше разлики со кој докажуваше дека тој не пратил допис до Грујевски дека има потреба да се уништува опрема. По анализата Костовски рече дека тој допис од две страни не го изготвил тој, а токму втората страна каде се наоѓа неговиот потпис, рече тој, е искористена односно вметната од друг допис кој тој го изготвувал.

– Првата и втората страна се разликуваат во однос на принтерот каде е печатен овој документ. На првата страна буквите се здебелени во однос на буквите од втората страна. Потоа долу каде пишува „строго доверливо” линијата над „строго доверливо” на првата страна е пократка од линијата на втората страна. Можам да забележам дека дури и хартијата на првата страна има малку пожолтеникава боја од таа на втората страна. Исто така, евиденцискиот број е внесен со мастилно пенкало, а секретарката користеше исклучиво обично хемиско пенкало така што би можел да кажам дека овој документ го немам изготвено јас, а втората страна е најверојатно извадена од друг допис кој јас сум го изготвил – посочи Костовски.

Тој во детали објаснуваше и други нелогичности во дописот кој е заведен со датум 21 ноември 2014 година. Адресиран е до Горан Грујевски пред чие име пишува “м-р” (магистер).

– Тогаш звањето на Горан Грујевски беше „доктор на правни науки” и беше незамисливо некој да се обрати до него и да го ослови со звање магистар – рече свиркачот.

Тој најде нелогичности и во називот на одделот од кој е пратен дописот односно рече дека тој е напишан со друг назив.

– Исто така, целиот начин на изразување во овој текст на никој начин не соодвестува со документите кои јас сум ги изработувал. И има повеќе граматички грешки кои јас не би ги направил никогаш. На пример, каде има сврзник „а” не е ставена запирка. Во следниот пасус пишува „во повеќе наврати бевме сведоци на не соодветно чување” , а според правописот „несоодветно” треба да биде напишано заедно – рече Костовски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Локализиран пожарот на Скопска Црна Гора, гори кај Македонски Брод и Битолско

saso user

Димитров до Рикер: Вашето именување на оваа исклучително одговорна функција е добра вест за Регионот и Европа

saso user

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за политичкиот прогон се драконските казни за 27-ми април

saso user