Број на текстови објавени денес: 0
Здравје

Не ги игнорирајте: Симптоми кои укажуваат на рак на дебелото црево

Март е Светски месец на ракот на дебелото црево. Светската кампања ја спроведува Меѓународната унија против ракот и Свестската здравствена организација (СЗО).

Најдобриот и најефикасниот начин за третман на рак на дебелото црево е нејзиното рано откривање, толку рано, уште пред да предизвика појава на какви било симптоми.

Ректалното крвавење е еден од честите симптоми, кој го придружува ракот на дебелото црево. Крвта е помешана со столицата и истата е потемна, но може и да е посветла (кога пациентите мислат дека се работи за хемороиди), при што не се обрнува посебно внимание со што се прави фатална грешка.

Најчести симптоми на ова заболување се:
– промена на начинот на дефекација, односно појава на диареја или пак опстипација;
– чувство на непотполна испразнетост;
– присуство на крв во столицата;
– потенок измет од вообичаено;
– зачестена појава на гасови и надуеност;
– губење на телесна тежина без видливи причини;
– чувство на замор, гадење и повраќање.

Често овие симптоми не се поврзани со појавата на рак на дебелото црево, но доколку се појават повеќе од три од овие симптоми, веднаш треба да се посети лекар со цел да се прегледа пациентот и да се интервенира што побрзо доколку е тоа потребно.

Колку често треба да се прават испитувања на дебелото црево зависи од повеќе фактори како што е возраста, семејната историја на болести, како и личната историја на болести.

Кај пациенти кои имаат веќе некакво заболување на дебелото црево или пак, постои семејна историја на ваков тип на заболувања, испитувањата на дебелото црево треба да се прават почесто. Доколку не се открие при рутинско испитување или тестови, ракот на дебелото црево може да се јави на различни начини.

Крвните садови кај заболените од рак најчесто се покршливи и имаат тенденција да крварат полесно отколку оние здравите крвни садови, па затоа доколку постои рак на дебелото црево, тој ќе предизвика крвавење во самото црево. Тогаш оваа крв се појавува во изметот.

Во зависност од тоа колку е оддалечен ракот од ректумот, крвта која се јавува во изметот може да биде светло црвена или пак, да ја обои целосно столицата давајќи ѝ темна боја.

Појавата на крв во столицата, не значи секогаш присуство на рак во дебелото црево. Постојат други здравствени состојби кои може да доведат до оваа појава како што е чир, хемoроиди, воспаленија, исто така, и промена во конзистенцијата на столицата, како што е појава на запек или дијареа, може да биде предизвикана од многу други причини.

Доколку ракот на дебелото црево е во напредна фаза, тогаш најчесто настанува опстипација, односно запек. Во ваков случај кај пациентот се јавуваат стомачни болки придружени со гадење, понекогаш повраќање и неможност за преминување на гасовите и столицата надвор од цревото.

Доколку некој од семејството имал тумор на дебелото црево (мајка, татко, баба, дедо, вујко, чичко), независно од која страна, има зголемен ризик во животот да заболи од оваа болест.

Што се однесува до третманот, најдобрата шанса за успешно лекување е рано откривање на колоректалниот карцином. Колоректалниот карцином е болест опасна по живот и точно дијагностицирање и соодветен третман со хирургија, хемотерапија, и/или зрачење е од клучно значење за контрола на болеста.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Еве зошто секогаш имате „место“ за колачи

saso user

Растителните сирења, шлаг, павлака…не се посни

saso user

Тешко се наоѓа соодветна коскена срцевина во Македонија, фалат барем уште 7.000 дарители

saso user