Број на текстови објавени денес: 0
Мода

Манекенка добива смртни закани поради споените веѓи ФОТО

Манекенката Софија Хаџипантали (22) секојдневно добива смртни закани на социјалните мрежи и тоа поради своите веѓи кои неверојатно потсетуваат на изгледот на познатата сликарка Фрида Кало.

Софија, која емигрирала од Кипар во Англија, а потоа во Америка, на Инстаграм има повеќе од 300.000 следбеници, а рекла дека, за среќа има поддршка од нејзиното момче, на кое нејзините веѓи му се допаѓаат.

Иако се главен дел на нејзиниот изглед, природната русокоса открила дека сосема случајно во 2014 година ги обоила веѓите и веднаш ѝ се допаднал впечатливиот изглед. Но, тоа ѝ прави и проблем.

– Добивам многу смртни закани, неверојатно, но вистинито. Не ми е смешно. Инаку, има многу негативни реакции. Нема да ве лажам дека сите позитивно реагираат зашто тоа не е вистина. Повеќето се негативни. Одвратно е, но постојат луѓе кои некој ги убедил дека е неприфатливо да се изгледа како мене, а тоа толку ги разбеснува што се закануваат дека ќе ме убијат – рекла манекенката во утринската програма на британската Би-би-си, што ги шокирало двете водителки, како и популарниот водител Пирс Морган.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нова кампања во Лондон ги покажува реалните женски тела по раѓањето

saso user

Секси пожарникари од календар ќе гасат оган во женски срца

saso user

Зошто целиот свет е полуден по корејската козметика?!

saso user