Број на текстови објавени денес: 127
Град

ЗГОЛЕМЕНА АКТИВНОСТ НА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА

Поради високиот број на пожари во првото тримесечие од тековната година, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) имала редкордни 135 интервенции во успешно гасење на пожарите, на територијата на општините Охрид и Дебрца. Од нив, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 на гасење на пожари на отворен простор и 4 интервенции на опожарени сообраќајни средства.

Високиот број на интервенции за овој период од годината е највисок за последните 14 години и во најголем број случаи е резултат на небрежност и непочитување на законските одредби. Доколку лицата кои користат уреди, средства и отворен оган за одредени активности, должни се тоа да го прават на начин да ја обезбедат околината и да не предизвикуваат пожари или експлозии.

Од ТППЕ упатуваат апел до граѓаните, да не палат оган во посевите и стрништата и предупредуваат на високите казни за предизвикувачите на пожари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СПОРТСКИ ДЕН ВО САЛАТА „ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“

saso user

(Видео&Галерија)Нова голема хуманитарна акција на СОС БАЛКАНМЕДИА И ЗЕГИН во Охрид и Дебарца.

saso user

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ВО ГРАДОТ

saso user