Број на текстови објавени денес: 0
Урбани вести

ЗАВРШИ 25 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Советот на општина Охрид  денеска ја одржа   дваесет и петта Седница со 53 точки на дневен ред.

Беа  изгласани  одлуките за усвојување на Годишните извештаи  за реализација на програмите  за поттикнување на развојот на туризмот  и за поддршка на локалниот економски развој на  општина Охрид за периодот од 01. 01 2018 до 31 . 12. 2018 година.
Советниците дадоа зелено светло и за реализација на  програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2018 година . Усвоен беше извештајот за работа на Територијалната против пожарна единица   и извештаите за работа на одделенијата   за даноци и комунални такси при општина Охрид за минатата година. Усвоени беа и програмите за заштита на животната средина и природата како и извештајот за реализација на Програмите за спорт и рекреација за 2018 година.  На гласање пред советниците беа и Предлог  одлуките  за усвојување на Извештаите  за реализација на  Развојните програми  за активностите на општина Охрид во областа на образованието, детска и социјална заштита  за 2018-2020 година за 2018 година. Беше  усвоени   Извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и  творештво за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година. Советниците ги усвоија и предлог одлуките од областа на инфраструктурата кои се однесуваа на извештаите за реализација за изградба и реконструкција на  локални патишта и улици  ,изградба на системи за водоснабдување за 2018 – 2020 година  како и извештајот за јавно осветлување за периодот од 01.01.2018  до  31.12.2018 година.

Беа изгласани и Предлог – одлуките  за усвојување на извештаите за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прeчистување на отпадна вода за  2018 – 2020 година и  развојната програма за изградба на сообраќајна  сигнализација  и за други комунални услуги за периодот од 01.01. до 31.12.2018 година.
Зелено светло доби и предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2018 – 2020 година за периодот од 01.01.2018 до  31.12.2018 година.

Беше  усвоена  Предлог – одлуките  за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за  2018 – 2020 година за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година. Се  изгласаа и  Предлог – одлуките  за усвојување на извештајот за реализација  на програмата за одржување  јавна чистота и за одржувње и користење на паркови и зеленила  за периодот од 01.01.2018 до 31.12. 2018 година и предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2018 година.
Беше усвоен и Извештајот за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените  и Годишниот извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2018 година.

Се усвоија и Предлог-одлуките  за усвојување  на Годишниот извештај и завршна сметка  на буџетот на единицата на локалната самоуправа Општина Охрид за 2018 година и Извештајот за годишниот  попис за 2018 година како и Предлог- одлука  за проширување на средствата на буџетот  на општина Охрид за 2019 година и предлог-одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. до  31.12.2018 година.

Советниците дадоа зелено светло и  за извештаите за финансиско работење и годишните сметки за 2018 година за сите основни и средни училишта на територијата на општина Охрид ,за ЈОУДГ  „Јасна Ристеска“ и за  ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид .

Беа усвоени и финансиските и годишните извештаи за работа на охридските јавни претпријатија за 2018 година: „Водовод“- Охрид, „Градски Гробишта“, „Охридски комуналец“, „Нискоградба“ и „Градски Пазар“. Во текот на расправата беше повлечен извештајот од ЈП „Билјанини извори“.

На Седницата беа усвоени и последните четири точки на дневен ред: Одлука за усвојување на Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2019 година;  Одлука за донесување на   Правилникот за субвенционирање (начинот и видот) на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство; Одлука за утврдување рокови за спроведување мерки за финансиска поддршка и субвенционирање на трошоци за културна и туристичка промоција на градот Oхрид и Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на  урбанистички  планови на територијата  на  општина Охрид  за 2019-2020 г.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕВСКИ,истраен , енергичен, личност кој не се откажува ни во најтешките моменти.

saso user

ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ОСВЕТЛЕНА ВО ЦРВЕНО ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ХЕМОФИЛИЈАТА

saso user

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ изложба на дела од роднокрајни автори родени во април

saso user