Број на текстови објавени денес: 0
Бизнис

Директорот на „Шел“ ги трка вработените со 150 пати поголема плата

Заработувачката на генералниот директор на нафтената компанија „Шел“, Бен ван Берден минатата година е повеќе од двојно зголемена и достигнала над 20 милиони евра.

Вкупната плата на Ван Берден во 2017 година изнесувала околу девет милиони евра, што било сериозно критикувано од акционерите.

Зголемувањето на платата на директорот доаѓа во услови кога компанијата го зголемила годишниот профит за речиси 10 милијарди долари. Неговата заработувачка моментно е за 143 пати поголема од просечната плата на работник во „Шел“ во Велика Британија.

Платата на Ван Берден е подолг период спорна, а посебно е критикувана во текот на 2017 година кога се случи експлозија на цистерна со нафта во Пакистан, во сопственост на подизведувач на „Шел“, при што загинаа повеќе од 200 луѓе.

Англо-холандската нафтена компанија моментно е највредна компанија на берзата во Британија.

Фото: EPA/JASPER JUINEN

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Синдикатите ќе маршираат на Денот на трудот

saso user

Синот на Хани и сваќа на Бектеши нововработени во ЕЛЕМ

saso user

Заев ги повика банките да ги скастрат каматите

saso user