Број на текстови објавени денес: 0
Спорт

Дваесет и шест спортисти од земјава учествуваат на Специјалната олимпијада во Абу Даби

Дваесет и шест спортисти од нашата земја ќе учествуваат на Летните олимписки игри на Специјалната олимпијада што од денеска до 21 март ќе се одржуваат во Абу Даби.

Свеченото отворање ќе биде попладне со дефиле на стадионот во Спортскиот град на шеикот Заед и со плаење на олимпискиот оган на надежта.

Спортистите од нашата земја ќе се натпреваруваат во три дисциплини, пливање на 50 и 100 метри и штафета, атлетика и јунифајд кошарка и ревијално танцување.

– Ние сме подготвени да се претставиме во најдобро светло, да уживаме во искуствата од олимписките натпреварувања, да дадеме се од себе и да ги потврдиме или надминеме досегашните резултати – изјави Елена Зисовска, водач на делегацијата.

Летните олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019 се најголемиот спортски настан со хуманитарен карактер на планетата. Учествуваат над 7000 атлети од 190 земји од светот кои ќе се натпреваруваат во 24 спортови. Игрите се одржуваат со поддршка од 20.000 волонтери. Ова се први олимписки игри во регионот на Блискиот Исток.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Македонија загуби од Косово во ФЕД Купот

saso user

Киднаперот на дедото на Јелена Ѓоковиќ осуден на 10 години затвор

saso user

Голден Стејт подобар од Хјустон во дербито на Западот

saso user