Број на текстови објавени денес: 134
Здравје

Дали навистина постои глобална пандемија на лажни лекови кои убиваат деца низ целиот свет?

Смртта на дете е причина за очајност, а едно ново истражување покажува дека една од најголемите опасности доаѓа во форма на фалсификувани и подстандардни лекови кои се користат против маларија, пневмонија и други болести. Стотици илјади деца секоја година умираат заради напливот од неквалитетни или лажни лекови, стои во извештајот.

„Станува збор за најмалку 300,000 деца кои починале заради смртоносни лекови кои се дистрибуирани од криминалци“, вели др. Џоел Бреман, коавтор на извештајот и висок научен и почесен советник во Меѓународниот центар Фогарти при Националните институти за здравство на САД.

Светската здравствена организација (СЗО) идентификувала три вида фалсификувани и подстандардни медицински продукти.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Високи штикли и тесни обувки…

saso user

Нема врска помеѓу аутизмот и ММР, потврдува досега најголема студија спроведена во Данска

saso user

Нередовното менување на долната облека доведува до овие шест ужасни последици

saso user