Број на текстови објавени денес: 0
Сцена

Весна Бејби Петрушевска прослави јубилеј, 25 години брак со МНТ

Македонската актерка Весна Петрушевска просла­ви јубилејни 25 години од својата кариера, или како што таа го нарекува, брак со МНТ.

Вес­на го просла­ви јуби­лејот на уникатен начин со стендап-претставата „Влези, не се соблакај“, во ко­ја во час и половина низ солзи и смеа ги раскажа подемите и падо­вите, како и најзначајните моменти од сво­јот жи­вот, дет­ството, мла­доста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.

Актерката низ хумор раскажа како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажуваше и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија.

Крајот на претставата беше емотивен, Весна заклучи дека животот е вреден и порача сите да го сакаме затоа што немаме друг. Преполната сала на МНТ ја испрати Весна со голем аплауз, а нејзините две деца, Кирил и Мина, и децата од нејзината актерска школа, ѝ подарија цвеќе.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тејлор Свифт со 113.000 долари за заштита на ЛГБТ правата

saso user

Аријана Гранде ја гаѓале со лимон обожаватели на Бијонсе, ја погодиле директно во градите ВИДЕО

saso user

Британските музички награди доделени, песна на годината „One Kiss“ (ВИДЕО)

saso user