Број на текстови објавени денес: 128
Свет

Американските дипломати ја напуштија Венецуела

Американскиот државен секретар Мајк Помпео соопшти дека сите преостанати членови на дипломатскиот персонал во Амбасадата на САД во Каракас денеска ја напуштиле Венецуела.

– Американските дипломати сега ќе ја продолжат својата мисија од други локации, од каде ќе продолжат да помагаат во менаџирањето со дистрибуцијата на хуманитарната помош за венецуелскиот народ и со поддршката на учесниците на демократските протести, кои храбро се спротивставуваат на тиранијата – изјави Помпео.

Стејт департментот на САД во понеделникот најави дека во текот на неделава ќе го повлече преостанатите дипломати од Венецуела, со образложение дека „нивното присуство претставува ограничување за американската политика“ во земјата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Двајца пилоти запознале стјуардеси на плажа: Дружењето се претворило во хорор

saso user

Брегзит одложен, ЕУ му даде два рока на Лондон

saso user

Трамп: Ако треба ќе изградиме „човечки ѕид“

ohrid_user