Број на текстови објавени денес: 0
Балкан Свет

Рама: Северна Македонија е пријател и стратешки незаменлив партнер за Албанија

Република Северна Македонија за нас не е само земја сосед, туку и пријател и стратешки незаменлив партнер, изјави албанскиот премиер Еди Рама на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, кој престојува во официјална посета на Албанија.

– Односите меѓу двете земји се базираат на трајни принципи и вредности, кои не обединуваат како држави, кои и припаѓаат на Европа и кои ќе бидат заедно во европското семејство, изјави Рама, пренесува агенцијата АТА.

Нагласи дека посетата на премиерот Заев доаѓа во момент на значајното историското постигнување како што е Преспанскиот договор и отворањето на патот за Северна Македонија кон НАТО, за што, потсетува, Албанија веќе го ратификуваше Протоколот за пристапување во Алијансата.

– Ова големо историско достигнување е плод на лидерството на Заев и на нашиот заеднички пријател Ципрас. Со Договорот од Преспа беше надминат долгогодишниот ќорсокак и се отвори патот за членство на Северна Македонија во НАТО. Тоа исто така созададе и голема позитивна енергија за натамошен напредок на заедничкиот пат за интеграција во ЕУ, истакна меѓу другото Рама.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЕУ одбележува десет години од Источното Партнерство

saso user

Силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Сулавеси

saso user

Рим бара од ЕУ да подготви план доколку тргнат бегалци од Либија

saso user