Број на текстови објавени денес: 133
Досие Македонија Топ вести

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Сакаме да Ви кажеме,но подобро ќе Ви биде кога ќе Ве лажеме !?

Сакам да Ви кажам , но подобро ќе Ви биде кога Ве лажам !? На овој начин цели 12 години функционираше ВМРО ДПМНЕ ,никако да осознаат дека сто пати изнесената лага , во пракса не преставува вистина. Матрицата која ја зацртало ВМРО ДПМНЕ , која се заснива на идеологијата која ја практикувал и ја воспоставил Паул Јозеф Гебелс, гебелсовата метода, како и перманентноста во изнесените лаги на ВМРО ДПМНЕ ,секако дека го допираат дното на нормално расудување на факти.

Теориите на заговор ,кој секојдневно ги изнесуваат гласноговорниците на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид , при тоа свесно насочуваќи ги кон актуелниот В.Д.градоначалник Константин Георгиевски и актулен кандидат за градноначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ , само ја разоткриваат темната страна на политичката кампања ,насочена против Константин Георгиевски!?

Дали ВМРО ДПМНЕ Охрид  , свесно оди во монтирана црна кампања , плашејќи се за политичката судбина на нивниот кандидат?

Дали ,серијалот од лаги кој како денес , така и во изминатиот период го насучуваат кон В.Д.Градоначалник ,кој уште неседнат на „црната“ градоначалничка фотеља , по ненадејната смрт на охридскиот градоначалник Стојаноски, веднаш започнаа со ниски и злобни  политички блефирања и замајувања на охридската ,а и пошироката јавност?!

Денес , дечките од ВМРО ДПМНЕ ,ќе изнесат толкава ноторна глупост од типот :

-„Охрид оди во погрешна насока, младинските политики се катастрофални и ја влошуваат состојбата на младите. СДСМ и кандидатот за градоначалник Константин Георгиески наместо знаењето во Охрид да го соберат, тие го растураат“.

Секао ,дека ваквото нешто ,не само да не е смешно , туку истото е и трагично?! Каде беа тие исти дечки од ВМРО ДПМНЕ ,кој цели 12 години практикуваа централна власт???

Дали разговорот помеѓу нивниот омилен министер за финасии Зоран Ставрески со Гордана Јанкуловска , каде иснесува :-„Ние сме лудаци , немаме за леб ,а купуваме чоколада“, не е доволен доказ за забеганоста на една политичка гарнитура ,чиј стил на владеење е познат за тоталитаристички земји на забеганите валстодршци.

Кога веќе говорите за тоа , зошто младината се отселувала, сигурно вината не е во Константин Георгиевски, туку напротив , вината е во вашата забеганост ,каде што Вашите лидери отворено говореле „Ние сме лудаци , немаме за леб ,а купуваме чоколада“! До лебот е , не е до чоколадата??!!

Зарем Константин Георгиевски е виновен и за бегството на вашиот омилен млад „Фирер“ Никола Груевски, оној криминалецот , осудуван , кој со 1,5 милијарда евра ја кидна во Маџарска , а Вас ве остави да жалите во вашата политичка забегана безидејност?!!!

Или, можеби жалите за времето на Меле Текнувало и провизиите од 20%, 15%, па дан се многу или, можеби жалите за дивоградбата на вашиот партиски потпретседател Александар Николовски во месноста Свети Стефан??

Каде бевте цели 12 години да мислите на Белата Чума која ја зафати Македонија,благодарение на вашето забегано раководење со држава од 2.000.000 народ? Толку ли сте слепи при очи, глуви при уши,за да не осознаете дека Белата Чума ја зафати Македонија масовно , уште во 2009 година , кога вашиот Фирер Никола Груевски ,заедно со неговата криминално забегана тајфа нарачуваше споменици , персиски килими, слики портрети од Мама Нада за 100-тици милиони евра,а за младината немаше ниту за леб??!!

П.С. Кога веќе сте одлучиле на валкана кампања, полна со недоречености, невистини и злоби , редно е’ да Ви кажам ,дека со таква политика од типот – Сакам да Ви кажам , но подобро ќе Ви биде кога Ве лажам, не одите далеку. На никому нема да му дозволам да го нарушува мојот интелект,и интелектот на народот со излитени докажани лаги. Погрешно сте разбрале ,дека политиката и изборите се натпревар на изречени лаги, сте го потцениле народот????

Сашо Денесовски -Лично

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сите обвинети за 27 април од судница во Шутка

saso user

Костадинов: Што да кажеме за кандидат кој денес се шета со Иванов

saso user

Чадиковски: И денеска имаме министри кои се закануваат со тужби на новинари

saso user