Спорт

Повеќе жени отколку мажи од Велика Британија на Олимпијадата во Токио

Велика Британија ќе биде претставена од повеќе жени отколку мажи на Олимписките игри во Токио во 2020 година. Оваа прогноза беше направена од страна на лидерот на делегацијата, Марк Ингланд, пред „Би-Би-Си“.

Досега Британија секогаш испраќала повеќе мажи на Олимписките игри, но Ингланд очекува овој тренд да се наруши идното лето.

– За прв пат се чини дека ќе имаме повеќе жени во тимот на Велика Британија за Токио. Во овој состав има некои ексклузивни атлетски таленти. Ние имаме фантастични модели за имитација во спортот кај дамите – повеќекратни олимписки шампионки како Хедер Станинг и Хелен Гловер, Џејд Џонс и Никола Адамс. Освен тоа сите ја сакаат Џесика Енис-Хил и овие девојки имаат огромно влијание врз тоа да ги инспирираат младите – вели Ингланд.

На претходните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, 44 проценти од спортистите, кои ја претставуваа Велика Британија, беа жени. На бразилска земја британскиот тим освои 27 златни, 23 сребрени и 17 бронзени медали, а сега Ингланд се надева успехот да биде повторен.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Навивач на Милан прободен со нож поради расправија за дрес

saso user

Работнички против Блокотехна во битка за трофејот од Купот на Македонија

saso user

Тим победник на АТП турнирот во Барселона

saso user