Број на текстови објавени денес: 48
Сцена

Штотуку се свршија, a Родригез се најде среде скандал: Престани да ја изневеруваш Џенифер!

Латино дивата Џенифер Лопез се сврши со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, со кого е во врска две години.

Имено, Хосе Канеско, исто така, поранешен бејзбол играч, се огласил на Твитер во текот на викендот кога славната двојка ја објавила веста за свршувачката.

Канеско тврди дека Алекс цело време ја изневерува Џеј Ло со неговата поранешната сопруга:

„Ја гледам емисијата „The World Of Dance“ како Џеј Ло му пишува на Алекс Родригез. Дали таа знае дека ја изневерува со мојата поранешна сопруга Џесика? Кутра жена, таа нема поим кој е, всушност, тој“, напишал во објавата.

„Алекс, престани да бидеш ѓубре и престани да ја изневеруваш Џенифер Лопез“, напишал Канеско во уште еден твит.

На крајот додал дека е подготвен да се подложи на детектор на лаги за да докаже дека тоа што го зборува е 100 отсто вистина.

Канеско понатаму тврди дека присуствувал на телефонски повик пред неколку месеци кога Алекс наводно ѝ се јавил на неговата поранешна сопруга.

Инаку, Канеско бил обвинет на една година условна казна откако во 1997 година физички ја нападнал Џесика по прославата на роденденот на нивната ќерка.

ФОТО: Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лејн Харди е победник на 17. сезона на „Американски идол“ (ВИДЕО)

saso user

Памела Андерсон жестоко му се одмазди на Рами Адил, му го уништила трансферот од соништата

saso user

Мајли со нова песна „Slide away“, фанови се прашуваат дали е за Лијам (ВИДЕО)

saso user