Број на текстови објавени денес: 0
Мода Топ вести

Најпопуларните парфеми на сите времиња, избрани од Французинките

Со помош на познатиот француски дизајнер на парфеми – Франсис Куркџијан, списанието „Вог“ објави листа брендови најпопуларни меѓу Французинките, надополнета  со објасненија на  стручното лице – зошто жените најмногу ги сакаат токму тие мириси.

6. Шанел Коко Мадмоазел

– Скоро секоја жена којашто ја познавам, го поседувала барем еднаш. Тој во себе ја носи самата срж на помислата за Французинките. Прилично е современ, модерен, елегантен… Тоа е еден овошно-цветен парфем кој ѝ припаѓа на парфемската група „чипре“. Чипре парфемите се типично француски. Тие се апстрактна група мириси. Не се агресивни, а се по малку мистериозни – гласи објаснувањето на Куркџијан.

5. Кензо Флауер

– Ова е еден доста значаен ориентален парфем. Во себе ги носи горните цветни ноти и нешто пудресто, скоро како мирис на компактна пудра. Ако го погледнете списокот најпродавани парфеми во другите земји (вон Франција), ќе видите дека овој парфем со мирис на кармин е нешто што главно го гледате во Франција и никаде на друго место. Се работи за класика – нагласува Куркџијан.

4. Ив Сен Лоран Опиум

– Прво го имате Ив Сен Лоран, а дури потоа следи модата, и тогаш доаѓа Опиум. Мирисот на тој парфем како да е од некое друго време, оти парфемите во тоа време немаа овошни ноти, кои денес многу ги користиме. Идејата за овој парфем веќе не е скандалозна како што беше некогаш, но сѐ уште има нешто посебно во неговиот назив.

3. Герлен Шалимар

– Во еден миг едноставно сакате да го пробате парфемот на својата мајка. Шалимар е икона и е прилично француски. Можете да го почувствувате во театрите или оперските сали – вели натаму експертот.

2. Kашарел Ане Ане

Л’Ер ду Темпс на Нина Ричи некогаш беше првиот парфем кој би го подариле на помлада девојка. Денес тоа е Ане Ане на Кашарел. Не е лесен оти има голема аура, но е доста светол и прозрачно цветен.

1. Шанел Пет

– Тоа е легендарен парфем кој во себе ја носи идејата за женственост. Споменот за Мерилин Монро која го користеше и модната куќа Шанел здружени – тоа е нешто неверојатно. Може да Ви се допаѓа или не, со обѕир на тоа дека е направен пред скоро 100 години и е доста посебен, но мора да го пробате – вели Куркџијан.

ФОТО: EPA / MATTHIAS BALK

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

И македонскиот јазик доби Ден – 5. мај, ама работен

saso user

ПС ОД ОН КИЧЕВО, ИМП КИЧЕВО И ТПЕ КИЧЕВО И ВО ТЕЖОК МОМЕНТ ВРВНА ПРОФЕСИОНАЛНОСТ.

saso user

Немаме администрација за преговорите со ЕУ, Манчевски бара експерти

saso user