Здравје

Тинејџер се вакцинирал против желбата на својата мајка и сведочел пред американскиот Конгрес

Осумнаесетгодишниот Итан Линденбергер од американската сојузна држава Охајо почнал да ги преиспитува антивакцинерските ставови на своите родители и на крајот, се вакцинирал против нивната волја и го привлекол вниманието на нациналните медиуми и Конгресот.

Тој раскажал пред Конгресот како успеал да се вакцинира и покрај противењето на неговата мајка.
„Израснав со верувањето на мајка ми дека вакцините се опасни, таа отворено зборуваше за нејзините гледишта и лично и онлајн“, вели Линденбергер.

Неговата мајка Џил Вилер, е дел од глобалното антиваксерско движење кое верува дека вакцините се опасни и предизвикуваат аутизам. Иако ваквото тврдење постојано се отфрла, голем број родители сѐ уште одбиваат да ги вакцинираат своите деца, а Светската здравствена организација извести дека инфекциите со сипаници се зголемени за околу 50 проценти во 2018 година.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Фејсбук

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Што препорачува СЗО како превенција од деменција?

saso user

Постојат шест различни видови бенки, ако ја забележите оваа, веднаш кај лекар

saso user

Гордана и Сенад: Липосукциската исхрана беше наша последна надеж!

saso user