Македонија

33 возачи „летале“ 102 непрописно се паркирале

Девет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди од вкупно 12, што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Полицијата од сообраќај исклучила 33 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца кои управувале возило под дејство на алкохол, 19 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници.

Исклучени се и едно техничко неисправно возило, седум нерегистрирани, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 77 возила.

Казнети се и 102 возачи за непрописно паркирање.

Санкционирани се и двајца возачи кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престројување и двајца за неправилно престигнување.

Казнети се и 25 возачи за неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 27 за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ФОТО + ВИДЕО: Дедо Мраз и нуркачите од „Акватек“ со подводна еко- акција во Охридското езеро

saso user

Бубевски бара Јанкулоска да ја издржува казната, оти детето има една година

saso user

Kонкурс за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“

saso user