Здравје

Намирници кои го чистат телото од никотин

Брз и здрав начин за пушачите да го исчистат организмот од никотин е да се хранат со што повеќе здрави намирници.

Станува збор за неколку видови на храна кои на брз начин го чистат телото од никотин.

Зелен чај

Со пушење, телото ја губи потребната течност и организмот многу брзо доаѓа во состојба на дехидрација. Со пиење на поголеми количини на зелен чај, ќе успеете да го исчистите никотинот од телото.

Моркови

Никотинот ја уништува кожата и ја прави сува. Ако сакате да се ослободите од овие лоши нуспојави од пушењето, јадете повеќе моркови. Тие содржат големи количини на витамини А, К, Ц и Б, кои се главни чистачи на телото.

Спанаќ

Фолната киселина која се наоѓа во спањакот е многу важна за нормална работа и развој на телото, но исто така му помага и на телото да се ослободи од никотинот.

Брокула и зелка

Покрај тоа што овие видови на зеленчук содржат полифеноли, исто така во себе имаат антиоксиданси кои го чистат телото од бројни токсини. Гответе ги што пократко за да ги зачувате сите нивни квалитети.

Киви, лимони и портокали

Покрај водата, никотинот од телото се исфрлува и со витамините А, Ц и Е, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организмот да се избори против најразличните инфекции и бактерии. За да ги надополните загубените витамини, јадете повеќе киви и портокали, или пак лимони.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Важни правила кој можеме да ги научиме ние возрасните од деца

saso user

Децата се под голем притисок уште во градинка

saso user

Како се хранат децата во нашите училишта?

saso user