Спорт

Солскјер: Требаше да водиме 2:0 уште во петтата минута

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскер, даде свое видување за денешниот дуел со Саутемптон кој заврши 3:2 со гол за победа постигнат во самиот финиш.

– Имавме повеќе карактер и верба во квалитетите. Нас не ни фалеше класа. Моравме да водиме со 2:0 веќе по пет минути. Како и да е, на крајот освоивме три бода и сме сречни поради тоа – изјави Солскјер.

Тој додаде дека противникот постигнал два погодока по неверојатни удари и на тој начин предизвикот за неговите избраници бил голем.

– Тоа беше сериозен предизвик. Сега имаме три бода повеќе од Тотенхем. Остануваат уште девет натпревари до крајот. Решив дека додека сум тренер тука, да уживам во секоја секунда – нагласи Солскјер.

ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Фудбалерите изразуваат сочувство за ќерката на Енрике

saso user

Џордан: Можевме да освоиме седма титула

saso user

Роналдо: Сметам дека сум број еден, за некои, првиот е некој друг

saso user