Здравје

Храна со која ќе го зачувате здравјето на црниот дроб

Црниот дроб има важна улога во вашето тело, па затоа кон него треба да се однесувате одговорно, за да ги избегнете можните здравствени проблеми.

Секако, здравата исхрана е клучна за да може целото тело и сите органи правилно да функционираат, а за да го сочувате црниот дроб, треба да јадете што повеќе од следниве намирници:

Брокули – можете да ги јадете свежи, варени, пропржени со зачини или како дел од салата.

Овесна каша – помага при слабеењето, односно ослободувањето од вишокот масти во телото.

Зелен чај – богат со антиоксиданси и има антиканцерогени својства.

Вода – жедта гасете ја само со вода, наместо со сокови и други засладени пијалаци.

Спанаќ – содржи глутатион, кој помага во одржувањето на правилната работа на црниот дроб.

Бадеми – богати се со витамин Е и помагаат при замастен црн дроб.

Притоа, треба да внимавате да избегнувате масна храна, премногу шеќер и пресолена храна.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

По машката брада се шетаат повеќе бактерии отколку во крзното на куче

saso user

Здравите прехранбени навики се стекнуваат пред раѓањето

saso user

За долг живот- Растителните протеини се поздрави од протеините во месото

saso user