Македонија Топ вести

Дескоска: Засега без двотретинско мнозинство за Законот за јавно обвинителство

Носењето закон за јавното обвинителство ќе биде еден од клучните моменти што ќе бидат пресудни во одлуката за отворање преговори, имајќи ги предвид препораките од меѓународната заедница, особено од Европската Унија. Мислам дека сите политички партии што се залагаат за отворање на преговори треба да го имаат тоа на ум и да бидат свесни дека на крај сé што направивме може да биде залудно ако не ја дадат поддшката за Законот за јавно обвинителство.

Ова го истакна министерката за правда, Рената Дескоска, денеска во Скопје пред промоцијата на Првиот национален извештај за перформансите и реформите во правосудството.

– Има јасни насоки од ЕУ во врска со законскиот текст. Секако ние тргнуваме од законски текст што би бил идеален, но под црвените линии, под она што значи европски стандард во регулирањето, ние не смееме да паднеме, бидејќи тогаш ќе биде џабе носењето на законот. Значи закон што нема да добие преодна оценка во ЕУ, воопшто нема да биде пуштен во Собрание, рече Дескоска.

Министерката за правда посочи дека во моментот нема обезбедено дво-третинско мнозинство од пратениците во Собранието за законскиот текст што беше изработен од Министерството за правда во консултација со странски експерти.

-Станува збор за решение што ќе овозможи квалитетен систем на јавно обвинителсто во кое Специјалното јавно обвинителство ќе има своја улога во гонењето висока корупција и секако продолжување на сите предмети што се почнати во СЈО, без разлика дали се во фаза на обвинение, во истрага или претистрага, истакна таа.

Во тој контекст додаде дека текстот што го изработи Министерството за правда ги содржи овие одредби, и е испратен до пратениците кои треба да обезбедат дво-третинско мнозинство во Парламентот.

Дескоска појасни дека станува збор за закон со кој е регулирано Јавното обвинителство и во тие рамки и Специјалното јавно обвинителство.

-СЈО е разграничено од другите обвинителства и особено од Обвинителството за организиран криминал, со тоа што ја фокусиравме неговата надлежност на гонење на висока корупција. Значи не сите дела што би ги вршиле функционери, туку оние што се поврзани со нив за корупција, како попречување на правда, влијаење врз сведоци… Тоа беше една од препораките што ја добивме од меѓународните експерти дека е добро да врземе само висока корупција со цел да не се разводнува работата, истакна Дескоска.

Појасни дека со законот се предвидува продолжување на надлежноста на СЈО за сите предмети што ги работеле во сите фази, со цел да нема никаква одредба што би значела затскртивање и амнестирање со закон на било каков криминал.

– Од аспект на поставеноста СЈО е посебен орган во рамки на ЈО, како и другите, со тоа што има и одредени гаранции што треба да му овозможат да има ефикасни механизми во борбата против највисоката корупција што тие ќе ја гонат, рече Дескоска и додаде дека го вклопуваат СЈО во системот со одредени гаранции што треба да му овозможат целосна независност во вршење на функцијата.

Во новото законско решение во однос на мандатот на обвинителите од СЈО, Дескоска рече дека во консултацијата со експертите било посочено да се размислува за мандат од една до две години.

-Тоа беше препораката што ја добивме со цел да се овозможи континуитет и да се овозможи систем со кој нема целото обвинителство во ист момент да биде сменето. Тие предложија периодично ротирање, односно една третина од обвинителите да се смени во еден период, потоа втората третина и на крај третата, за  да се овозможи еден континуитет.  Значи во рок од тие две години да има постапно менување на обвинителите, со цел новите што ќе дојдат да можат да ги продолжат случаите што се почнати, истакна министерката за правда.

Претседателот на Здружение на судии и судија во Врховниот суд, Џемали Саити одговарајќи на новинарско прашање рече дека Врховниот суд не го обезглави СЈО, туку постапи согласно надлежностите што ги поседува, искажувајќи правно мислење во врска со членот 22 од Законот за СЈО во однос на надлежноста.

-Правното мислење не направи упад во правниот систем, туку напротив ќе ги забрза процесите во однос на вистинско изнаоѓање на местото на СЈО во однос на правниот систем. Не се согласувам со некои видувања дека Врховниот суд ги презеде надлежностите на Собранието, затоа што тоа не е толкување, туку објаснување на примената, рече Саити.

Во тој контекст потсетсети дека такви ситуации имало и во 2009 и во 2011 година кога Врховниот суд дава објаснување во врска со постапки по жалба по одлуки на Управен суд.

– Ова не е  прв пат Врховениот суд да се обиде да ги промовира принципите на владеење на правото и правната сигурност и да објаснува примена на одредби, додаде судијата Саити

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Монд“: Три земји го блокираа проширувањето на ЕУ кон Балканот

saso user

Дирекција за спасување предупредува: Подгответе се, од 1 до 10 јуни ќе има невреме

saso user

Општина Куманово ги врати спортската сала, градскиот стадион, Соколана и стрелиште

saso user